Истражување: Хашишот е 25 отсто посилен од пред 50 години


 Хашишот е речиси 25 отсто посилен отколку пред половина век, според големото меѓународно истражување објавено од Гардијан.


 

Истражувачите од Универзитетот во Бат анализирале податоци од повеќе од 80.000 примероци на уличен канабис во последните 50 години во САД, Велика Британија, Холандија, Франција, Данска, Италија и Нов Зеланд.

Нивните откритија, објавени во списанието Addiction, откриваат дека концентрацијата на ТХЦ (тетрахидроканабинол) се менувала со текот на годините.

Во марихуаната, концентрацијата на THC се зголемила за 14 отсто помеѓу 1970 и 2017 година. Ова главно се должи на зголемениот удел на пазарот на посилни варијанти, како што е sinsemilla. Концентрацијата во смола од канабис се зголемила за 24 отсто помеѓу 1975 и 2017 година. Ова е еквивалентно на годишно зголемување на THC од 5 mg. Една доза од 5 mg е доволна за лесна интоксикација, според научниците.

Канабисот продолжува да ја зголемува својата моќ, денес е многу поразличен од оној што го користеле луѓето пред 50 години, коментира водечкиот автор Том Фримен.

Коавторот на студијата, Сем Крафт, забележува дека смолата од канабис често се смета за побезбеден вид канабис, но нивните откритија покажуваат дека сега е посилна од марихуаната. Обично, според експертот, смолата од канабис содржи помалку THC и еднаква количина на CBD (канабидиол, за кој се верува дека има здравствени придобивки), но додека концентрацијата на CBD останува стабилна, THC значително се зголеми, што значи дека смолата е многу поштетна отколку пред децении.

Канабисот останува најраспространета недозволена дрога во светот, но неодамна е легализирана во Уругвај, Канада и неколку држави во САД.

Истражувачите се убедени дека зголемената моќ на канабис ја потенцира потребата за стратегии за намалување на штети, како што се оние што се користат за алкохол, опдносно препораки за безбедна консумација.