Истраги против 5.000 криминални групи во Европа што заработуваат 110 милијарди евра



– Европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон изјави синоча во Загреб дека европската полиција моментно истражува повеќе од 5.000 криминални групи кои заработуваат 110 милијарди евра.

По неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ, таа на прес-конференција рече дека тие биле во можност да замрзнат само еден процент од приходите и најави усвојување план за заплена на незаконски стекнати пари, јавија хрватски медиуми.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, кој беше претседател на состанокот, рече дека граѓаните со право очекуваат владите да ја заштитат нивната безбедност.

Европските министри разговараа за борбата против организираниот криминал, тероризмот, трговијата со луѓе, заштитата на децата на интернет, како и миграцијата и сузбивање на мрежата за шверц на луѓе.

Неформалната средба во Загреб ја одржаа министрите за правда, при што комесарот за правда на ЕК, Дидие Рејндерс,  најави дека во февруарти ќе се водат разговори за првиот извештај за владеењето на правото во ЕУ, што ќе служи за испраќање препораки и создавање политички притисок врз европските држави кои немаат независно судство.

„Ние би сакале да го видиме првиот годишен извештај за владеење на правото поставен на маса за време на германското претседателство“, рече Рејндерс.

Германија ќе го преземе претседателството со ЕУ од Хрватска на 1 јули годинава.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]