Истекувањето воздух на МВС се зголемило петпати


 – Истекувањето на воздухот на Меѓународната вселенска станица се зголеми петпати последниве месеци. Поради тоа се бара двојна изолација кај екипажот на рускиот дел од сателитот, за да се утврди местото на истекувањето, изјави неофицијално претставник од ракетно-вселенската индустрија за тамошните медиуми.

Руските астронаути викендов повторно беа изолирани поради потрага по местото на дефектот. Се очекува тоа да заврши денеска.

– Кога истекувањето беше забележано во септември 2019 година, станицата губеше 270 грама воздух дневно. Првата изолација на екипажот МВС се случи во август, бидејќи стапката на истекување се удвои – на 540 грама на ден, рече неименуваниот извор. – Во септември, степенот на истекување се зголеми за уште 2,5 пати – на 1,4 килограми на ден, така што екипажот мораше повторно да се изолира, додаде тој.

Според руската вселенска агенција Роскосмос, официјално, безбедноста на екипажот на МВС и на самата станица, не е загрозена.

„Тимот за управување со летови на рускиот дел на МВС, заедно со астронаутите од другите земји, ја анализира ситуацијата“, велат оттаму.

На МВС сега се наоѓаат руските космонаути Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер, како и Американецот Кристофер Кесиди. 


Втор ден собраниска расправа за заменици на министри во Владата - МИА
Вести

Поднесени амандмани на измените на Законот за заштита од заразни болести

– Пратеници од власта и од опозицијата поднесоа амандамни на измените и дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, што започнаа да се разгледуваат на матичната Комисија за здравство. Амандмани имаат поднесено […]

Вести

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

– Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок […]

Вести

Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*