Ирански танкери со нафта пловат кон Венецуела


Ирански танкери со нафта пловат кон Венецуела - МИА

Техеран, 22 мај 2020 () – Пет ирански танкери со 1,5 милиони барели нафта пловат кон Венецуела, каде ќе бидат пречекани од воената морнарица на таа земја, со цел да се спречи евентуален обид на САД да ги запре.

Танкерите, кои на почетокот на овој месец минаа низ Суецкиот канал, треба да стигнат до крајната цел во текот на следните денови.

Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино изјави дека војската ќе ги пречека во ексклузивната економска зона, која се протега на 370 километри од нејзиниот брег.

– Кога ќе влезат во нашата економска зона, ќе бидат придружувани од бродови и авиони на војската на Венецуела за да ги поздрават и да му се заблагодарат на иранскиот народ за соработката и солидарноста, истакна Падрино.

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо тврди дека власта во Венецуела ја платила иранската нафта со „крваво злато“ од неформалните рудници во џунглите во јужниот дел на земјата, каде се извршени злосторства од страна на криминалните банди кои се борат за територија.

САД, кои воведоа санкции против Венецуела и Иран, наводно разгледуваат преземање чекори со цел да се спречи испораката, објави Би Би Си.

Постојаниот претставник на Венецуела во ОН, Самјуел Монкада нагласи неодамна дека танкерите се „цивилни бродови кои носат неопходни намирници за народот и доаѓаат од земја која легално тргува со Венецуела“.

– Забраната вакви бродови да пристигнат во нашите пристаништа во време на пандемија претставува злосторство против човештвото, истакна Монкада во Советот за безбедност на ОН.

Иран, исто така, предупреди дека соодветно ќе одговори доколку танкерите бидат блокирани.

Истовремено бродови на американската морнарица и крајбрежна стража патролираат низ Карипското Море во мисија за пресретнување недозволен шверц на наркотици.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]