Ирански и европски дипломати разговараат за нуклеарната програма на Техеран

2-27.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европски и ирански дипломати се сретнаа денеска во Женева за да ја разгледаат можноста за одржување сериозни разговори за спорната нуклеарна програма на Техеран, пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари.


Состанокот во Женева, прв по изборите во САД, дојде откако Техеран негодува за резолуцијата поддржана од Европа, донесена минатата недела, во која се критикува соработката на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), објави Ројтерс.

Трамп, кој за време на претходниот мандат го напушти нуклеарниот договор со Иран, по курс на максимален притисок за слабеење на иранската економија, во својата нова администрација вклучи функционери кои се познати по нивниот строг однос кон Иран, наведува британската агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK