Иранската гарда и официјално прогласена за терористичка организација во САД

САД и официјално ја прогласија Иранската револуционерна гарда за странска терористичка организација, се наведува во соопштението објавено денеска во американскиот Сојузен регистар.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека ќе  направи таков симболичен потег, кој е без преседан, што веднаш наиде на осуда од Иран и предизвика загриженост дека ќе бидат нападнати американските сили поради одмазда.

Исламската револуционерна гарда ги контролира иранските балистички ракети и нуклеарната програма. Исто така има влијание врз банкарскиот и бродоградителскиот сектор,

Новата одлука за прогласување на Гардата за терористичка организација ќе го олесни процесуирањето на компании или лица во Европска унија кои соработуваат со Иран.

Американскиот закон веќе ги казнува граѓаните на САД кои соработуваат со Исламска револуционерна гарда дури со 20 години затвор бидејќи организацијата се наоѓа на американската специјална листа на глобални терористи, на кои се применува поинаков начин на санкционирање.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]