Ирак го осуди палењето на Куранот пред нејзината амбасада во Копенхаген

kopenhagen protest
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ирак го осудува палењето на Куранот пред зградата на неговата дипломатска мисија во данската престолнина Копенхаген, соопшти ирачкото Министерство за надворешни работи, цитирано од британските медиуми.

Министерството ги повика властите во сите земји на ЕУ „брзо да ја преиспитаат таканаречената слобода на изразување и правото на демонстрации“.


Претходно денеска, двајца демонстранти запалија копија од Куранот пред ирачката Амбасада во Данска, ризикувајќи дополнително влошување на билатералните односи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK