Инвестико: Фармацевтските компании не ги зеле предвид родовите разлики за нус појавите од вакцините


Според белгиската платформа за истражувачко новинарство, Инвестико, петте најголеми фармацевтски компании кои произведуваат вакцини не ги земаат предвид разликите помеѓу мажите и жените во нивните студии за нус појавите по вакцинирањето.


 

Според белгиските новинари секаде во светот жените пријавуваат почесто и повеќе несакани ефекти од вакцините отколку мажите. Од 156 илјади пријавени нус појави во центарот Лареб во Холандија, 86,6 отсто им се случиле на жени. Едно од објаснувањата е дека жените се позастапени меѓу здравствените работници, а тие се во приоритетните групи за вакцинација. Анализирани се Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Спутник В и Јансен и сите објавени научни трудови за нив. Новинарите пишуваат дека ниедна од овие студии не го зема родот в предвид.

Според Инвестико на почетокот на дваесеттиот век жените добивале многу посилна доза од вакцината против грип одошто им е потребна, што предизвикувало почести несакани ефекти.

Мрежата потсетува дека самата Светска здравствена организација препорачала да се земаат родовите физиолошки разлики в предвид во идните истражувања.