Интерпол: Криминалците го користат Ковид-19 за компјутерски напади на поголеми жртви



Интерпол: Криминалците го користат Ковид-19 за компјутерски напади на поголеми жртви - МИА

Лион, 5 август 2020 () – Интернет-криминалците ја користат пандемијата на коронавирус за да ги префрлат целите за компјутерски напади од поединци и мали бизниси кон големи корпорации, влади и критична инфраструктура, соопшти Интерпол.

Меѓународното тело соопшти дека неколку земји пријавиле малициозен софтвер, напади врз влади и болничка и медицинска инфраструктура, што веќе биле во неволја поради здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Полициските истраги покажуваат дека повеќето напаѓачи точно ја проценуваат максималната сума што може да ја побараат од нападнатите компании и организации, нагласуваат од Интерпол.

– Киберкриминалците развиваат и ги интензивираат нападите со алармантна стапка, искористувајќи го стравот и несигурноста предизвикани од социјалната и економската состојба поради Ковид-19, предупреди генералниот секретар на Интерпол, Јурген Сток.

Организацијата соопшти дека натамошно зголемување на стапката на компјутерски криминал е „многу веројатно во блиска иднина“, особено поради ранливоста предизвикана од работа од дома.

Неточни информации за Ковид-19 се исто така причина за „зголемена загриженост“ во повеќе од 20 проценти од државите што одговориле на истражувањето за компјутерски криминал, додава Интерпол.


Од среда почнува предвремена исплата на мајската пензија - МИА
Бизнис и економија

Втора шанса за одложување на плаќање на кредитите бараат 20 до 30 отсто од тие кои веќе ги одложиле обврските

– Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да […]

Вести

Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

– Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*