Инстаграм-фотографија на наводниот терорист од Виена, полицијата тврди дека бил симпатизер на ИСИС



 

Пред терористичкиот напад во Виена, во кој беа убиени три лица, на „Инстаграм“ се појавила фотографија на џихадист со многу слично оружје какво што имал виенскиот терорист.

Австриската полиција сè уште го проверува идентитетот на убиениот терорист, а германски „Билд“ пренесува дека истражителите се сомневаат дека станува збор за лице чија слика е објавена на „Инстаграм“.

Terror in Wien – Hauptverdächtiger kündigte Tat auf Instagram an https://t.co/QSw3OmHhhD

— BILD (@BILD) November 3, 2020

Според Билд, тој во понеделникот им испратил на двајца пријатели снимки од нападот на „Шарли Ебдо“ од 2015 година, кога биле убиени 12 лица, а на „Инстаграм“ објавил неколку фотографии на кои се колне на верност на водачот на терористичката милиција на т.н. Исламска држава.

На некои фотографии тој позира со пушка и мачета, а има и слика со куп муниција. Фотографиите исто така покажуваат дека тој го напишал арапскиот збор Бакијах кој е дел од фразата – „Исламската држава останува и се шири“.

SCHÜSSE AN SECHS TATORTEN – Drei Tote bei Terror-Anschlag in Wien https://t.co/nVRuyZdMy2

— BILD (@BILD) November 3, 2020

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Неамер изјави дека напаѓачот кој бил застрелан бил радикализиран и дека тој бил симпатизер на Исламската држава.

За време на нападот, напаѓачот носел и нешто што изгледало како појас со експлозив, но се покажало дека станува збор за лажен експлозивен појас.