Индонезија ќе ги вакцинира прво работниците, а не постарите граѓани


Индонезија се подготвува да започне масовна вакцинација против КОВИД-19 и според планот на индонезиската Влада, приоритет ќе им се даде на работоспособните граѓани наспроти старите лица, со цел брзо да го достигнат имунитетот и да ја заживеат економијата, пример што останатите земји ќе го следат внимателно, пишува reuters.com.



За разлика од Индонезија, некои земји како Соединетите Американски Држави и Велика Британија кои веќе започнаа со вакцинирање, им даваат приоритет на постарите луѓе кои се поранливи на респираторната болест.

Следат гледиштата на експертите за заслугите и ризиците на индонезискиот пристап, според кој возрасните на работоспособна возраст ќе се вакцинираат по здравствените работници и јавните службеници.

ЗОШТО ПРВО ОНИЕ ГРАЃАНИ ОД 18-59 ГОДИНИ?

Индонезија, која планира да започне со масовна вакцинација развиена од кинеската компанија „Sinovac Biotech“, вели дека сè уште нема доволно податоци за ефикасноста на вакцината кај постари лица, бидејќи во клиничките испитувања во земјата се вклучени лица на возраст од 18-59 години.

„Ние не го прифаќаме овој тренд“, изјави Сити Надија Тармизи, висок службеник во Министерството за здравство, додавајќи дека властите чекаат препораки од регулаторите за лекови во земјата да одлучат за плановите за вакцинација за стари лица.

Додека Велика Британија и Соединетите Американски Држави започнаа со вакцинирање со вакцина развиена од Pfizer Inc и нејзиниот партнер BioNTech, што покажа дека работи добро кај луѓе од сите возрасти, Индонезија има првичен пристап само до вакцината Sinovac.

Земјата од Југоисточна Азија има договор да добие 125,5 милиони дози од вакцината Sinovac, а првата група од 3 милиони дози веќе се наоѓаат во земјата.

Испораките на вакцината Pfizer во земјата се очекува да започнат од третиот квартал, додека вакцината развиена од AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд ќе започне да се дистрибуира во вториот квартал, пишува Reuters.

„Мислам дека никој не може да стане премногу догматичен за тоа кој е вистинскиот пристап“, изјави Питер Колињон, професор по заразни болести на Националниот Универзитет во Австралија, додавајќи дека стратегијата на Индонезија може да го забави ширењето на болеста, иако може да не влијае на смртната стапка.