Индискиот министер за внатрешни работи позитивен на Ковид-19


Индискиот министер за внатрешни работи позитивен на Ковид-19 - МИА

Њу Делхи, 2 август 2020 () – Министерот за внатрешни работи на Индија, Амит Шах денеска соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и оти е хоспитализиран.

Шах е еден од најмоќните политичари во Индија и близок соработник на премиерот Нарендре Моди, а неговото Министерство има важна улога во напорите за сузбивање на пандемијата со новиот коронавирус во земјата.

Шах на Твитер им порача на сите со кои бил во контакт да одат во самоизолација и да се тестираат.

Во Индија со новиот коронавирус инфицирани се вкупно 1.757.393 лица, од кои починале 37.452.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*