Индискиот град Гуруграм под вода


Индискиот град Гуруграм под вода - МИА

Њу Делхи, 20 август 2020 () – Делови од индискиот град Гуруграм, каде се наоѓаат канцелариите на Гугл, Фејсбук, Убер и други, се поплавени од обилните дождови.


 

Гуруграм, што е град-сателит на Њу Делхи, е еден од најбогатите во Индија, но поради лошата состојба на инфраструктурата поплавите се случуваат речиси секоја монсунска сезона.

Индиската метеоролошка служба најави обилни дождови во Њу Делхи и во соседните градови, со што можно е влошување на ситуацијата во Гуруграм.