Индија: Убиени четири мажи осомичени за убиство и групно силување


Индиската полиција соопшти денеска дека четворица мажи осомничени за силување и убиство на жена во јужна Индија биле убиени за време на реконструкцијата на злосторството.

Четворицата биле во притвор и не се официјално обвинети за какво било кривично дело.

Тие биле однесени на местото на злосторството рано утрово, каде се сомничело за силување и убиство, како и на местото каде што телото на жртвата било запалено на оддалеченост од околу половина километар, рече службеник од канцеларијата на комесарот на полицијата.

Комесарот за полиција во Хиберабада В.Ц. Саџанар, изјави за Би-Би-Си дека полицијата ги однела обвинетите на местото на настанот да го реконструира она што се случило.

– Полицијата пукала кон нив кога се обиделе да ги зграбат пиштолите на офицерите и да побегнат, рече тој. Притоа, двајца полицајци се повредени.

Изгореното тело на 27-годишната жртва беше пронајдено минатата недела и тој инцидент предизвика бес и протести ширум Индија поради наводна неактивност на полицијата.


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]