Индија, со 700.000 случаи, стана третата најпогодена земја во светот со Ковид-19


Индија: Рекорден број смртни случаи за еден ден  - МИА

Њу Делхи, 6 јули 2020 () – Индија го презеде од Русија третото место  на најпогодена земја во светот со Ковид-19, со речиси 700.000 случаи на инфекција, покажуваат најновите податоци, а епидемијата во таа земја не покажува знаци на забавување.

Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 23.000 нови случаи на заразени, што е нешто помалку од рекордните 25 000 новозаразени, регистрирани вчера.

Во Индија досега почина 20.000 луѓе од првиот случај на инфекција, кој е регистриран во јануари.

Таа земја сега го зазема неславното трето место на најпогодените земји во светот, зад САД и Бразил.

Бројот на случаи во Индија е осум пати поголем од оној регистриран од Кина, која има сличен број на население и каде вирусот се појави кон крајот на минатата година.

Властите денеска информираа дека ја повлекуваат одлуката за отворање на најпознатата туристичка атракција Таџ Махал, со оглед на зголемениот број заразени во тоа подрачје.

 


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*