Индија ќе издвои 610 милиони долари за да го зголеми производството на вакцини


Индиската влада ќе одвои 45,67 милијарди рупии (610 милиони американски долари) за производителите на вакцини Институт за серум во Индија и Барат Биотек за да го зголемат производниот капацитет со оглед на силната побарувачка поттикната од ширењето на Ковид-19.
– Најголемиот светски производител на вакцини, индискиот Институт ќе добие 30 милијарди рупии (400 милиони американски долари), а Барат Биотек останатите речиси 16 милијарди, изјави во понеделникот министерот за финансии Нирмала Ситараман за Си-Ен-Би-Си-ТВ18.
Парите ќе бидат исплатени во форма на грант.
Институтот побара пари од владата за да ги зголеми месечните капацитети за производство на повеќе од 100 милиони дози до крајот на мај, од сегашните до 70 милиони.
Бројот на нови инфекции во Индија експоненцијално расте и централната влада тешко се справува со побарувачката од многу индиски држави. Индија има вкупно население од околу 1,3 милијарди.