Инцидент во иранската нуклеарна централа Натанц



Инцидент во иранската нуклеарна централа Натанц - МИА

Техеран, 2 јули 2020 () – Во нуклеарната електрана Натанц во Иран се случи „инцидент“ при што е оштетен објект во изградба, но тоа не влијалео на редовното функционирање на нуклеарната централа, а нема ниту зголемена радијација.


 

– Оштетената зграда е опишана како „инсдустриска шупа“, се наоѓа над земја и не е дел од нуклеарната постројка, изјави портпаролот на Организацијата за атомска енергија Беруз Камалванди.

Тој додаде дека нема причина за загриженост.

Натанц е една од основните постројки за збогатување на ураниум во Иран.