Илјадници полицајци ќе го следат спроведувањето на мерките во Германија


– Германија планира од понеделник да распореди илјадници федерални полицајци низ целата земја за да се следи почитувањето на построгите рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, кои вклучуваат затворање ресторани и барови, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

– Иницирањето проверки ќе биде клучно за да се обезбеди успех на новите мерки. Во координација со државите, сојузната полиција ќе распореди илјадници полицајци, рече Зехофер.

Тој додаде дека сојузната полиција прво ќе се користи во големите градови и области кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот.

Полициските службеници исто така ќе вршат засилени контроли на аеродромите, железничките станици и близу границите за да обезбеди дека луѓето што влегуваат во земјата од ризични региони ги следат правилата.

Германските власти од понеделник воведуваат едномесечни ограничувања на јавниот живот кои вклучуваат затворање на рестораните, театрите и теретаните поради наглиот скок на новозаразени со коронавирусот.


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*