Илјадници Израелци протестираа против Нетанјаху


Илјадници Израелци протестираа против Нетанјаху - МИА

Тел Авив, 16 август 2020 () – Илјадници Израелци протестираа синоќа пред официјалната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху, повторувајќи го нивниот повик тој да се повлече и покрај историскиот договор за воспоставување дипломатски врски со Обединетите Арапски Емирати.

Израелците се собираа пред резиденцијата на Нетанјаху неколку пати неделно во текот на летото, во знак на протест против неговиот одговор на кризата предизвикана од коронавирусот, оценувајќи дека тој не треба да остане на функцијата додека му се суди по обвиненија за корупција.

Демонстрантите носеа израелски знамиња и извикуваа пароли против Нетанјаху. Мал протест се одржа и пред приватната куќа на премиерот во приморскиот град Цезарија, додека други митинзи се одвиваа на мостови и крстосници низ целата земја.

 


Вести

Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени

  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, […]

Вести

Одржана централната прослава на 1000-годишнината од основањето на Бигорскиот манастир

– Достоинствено, како што му доликува на милениумскиот јубилеј, денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето. По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски […]

Архимандрит Партениј викендов ќе биде хиротонисан во епископ Антаниски - МИА
Вести

(Во живо) Бигорскиот манастир слави 1000 години од основањето

– Главната и централна прослава на великиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*