Илјадници граѓани на Лондон излегоа на протест против расизмот


Илјадници граѓани на Лондон излегоа на протест против расизмот - МИА

Лондон, 6 јуни 2020  () – Илјадници лица, со транспаренти в раце, се собраа денеска на плоштадот пред британскиот Парламент во Лондон во знак на протест против расизмот, и покрај повиците на владата да не се одржуваат собири на големи групи поради стравот за ширење на коронавирисот.

Демонстрантите во намерата да излезат на протестот не ги одврати ниту влажното и ладно време,  а организаторите ги предупредија насобраните дека „доколку се тука заради насилството“, тие не се дел од нивната цел.

Тие ги замолија присутните да одржуваат физичко растојание од два метра и да носат заштитни маски, пренесува Би-Би-Си.

Локалните власти  денеска ги повикаа граѓаните да избегнуваат протести во Лондон.

Десетици илјади лица во средата маршираа низ центарот на Лондон во знак на протест против расизмот, по смртта на американскиот Афроамериканец  Џорџ Флојд во Минеаполис, потсетуваат британските медиуми. сд.


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]