И натаму беснеат пожари во Русија


Се уште беснеат пожари во источна Русија, кои избувнаа на 217 локации и зафатија површина од 837.813 хектари.


 

Сојузната агенција за шуми соопшти дека операциите за гаснење пожари се уште се во тек во источниот дел на земјата и се истакнува дека вчера под контрола се ставени 36 пожари.

„До 1 август, пожарите продолжија на вкупно 217 локации на површина од 837.813 хектари. Во Јакутија има 115 активни пожари, а во регионот Иркутск – 51 “, се вели во соопштението.

Се истакнува дека околу 5.000 луѓе и неколку стотици возила учествуваат во операциите за гаснење на огновите.

Пожарите што избувнаа во Сибир во јули, претворија во пепел 1,3 милиони хектари земја, а тамошните власти прогласија вонредна состојба.