Хуманитарен брод во Медитеранот апелира за дозвола за медицинска евакуација

Хуманитарниот спасувачки брод „Викинг од океанот“, што се наоѓа во Средоземното море, денеска апелираше кај италијанските и малтешките власти да дозволат медицинска евакуација на бремена жена и сигурно место за симнување на уште  83 мигранти, кои се наоѓаат на бродот.

Бродот, што плови под норвешко знаме, со кој заедно управуваат СОС Медитеране и Лекари без граници, во неделата спаси 50 мигранти од гумен чамец, вклучувајќи и жена која е во деветиот месец од бременоста, пренесоа американските медиуми.

„Викинг од океанот“ во понеделникот, пак, спаси 34 мигранти од мал брод откако на него беше прогласена вонредна состојба. На бродот му беше упатен повик мигрантите да ги однесе во Завијах, во Либија, што беше одбиено бидејќи мигрантите сметале дека Либија не е безбедно место за истоварување.

Вести

Јанева и Јовановски повторно на распит за случајот „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција  на распит повторно се повикани осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај […]

Вести

Хаос во комисијата со Бугарија: Ни Гоце е Македонец, ниту народот може да е македонски

Пошироката јавност се уште не ги знае сите детали од хаосот што се случувало на последната средба на историската комисија со Бугарија. Извори блиски до членови на бугарскиот преговарачки тим тврдат дека не бил проблем […]

Балкан

Земјотреси во Албанија попладнево почувствувани во земјава

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина  мунити е случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја. […]