Хук: Мора да биде продолжено ембаргото за оружје за Иран


Хук: Мора да биде продолжено ембаргото за оружје за Иран - МИА

Вашингтон, 29 јуни 2020 () – Специјалниот претставник на САД за Иран, Брајан Хук изјави дека ембаргото за оружје мора да остане во сила за „насилните режими“ и „терористички организации“ ширум светот не би почнале да купуваат оружје од Техеран.

Тој додаде и дека светот треба да ги игнорира заканите од Иран со одмазда ако биде продолжено ембаргото на оружје кон Иран, што истекува на 18 октомври.

Хук таквите закани ги нарече „мафијашка тактика“.

Поради ембаргото Иран не може да купува воени авиони, тенкови, воени бродовби и друго оружје. Но, Хук тврди дека Иран кријумчари оружје во воените зони во светот.

– Ако дозволиме да истече ембаргото, можеме да бидеме сигурни дека Иран дење ќе го прави тоа што сега го прави по темница, наведе Хук.

САД бара Советот за безбедност на Обединети нации да воведе трајно ембарго на оружје за Иран, но на тоа се спротивставува Русија. 


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*