Хонг Конг/Ковид-19: Задолжително тестирање за високоризични групи, за избегнување можна казна затвор


Масовно тестирање поради ново жариште на Ковид-19 во Пекинг - МИА

– Од денеска тестирањето за Ковид-19 е задолжително во Хонг Конг за високоризични групи граѓани, а на оние кои ќе одбијат тестирање им се заканува и затвор до шест месеци.


 

Постои градација на казните, така што избегнувањето на првичното тестирање се казнува со парична казна од 257 американски долари. Секое последователно одбивање на тестирање може да се казни со повеќе од 3.000 американски долари или да се добие затворска казна од шест месеци.

Владата објави вчера нови мерки што треба да помогнат во спречување на, како што се нарекува, четвртиот бран на ширење на вирусот во Хонг Конг, а мерките ги погодија луѓето со висок ризик и секој што ќе дојде во контакт со нив. Секоја таква личност мора да се тестира.

Според новите правила, лекарите ќе можат да побараат од пациентите кои имаат симптоми на болеста да бидат тестирани.