Холандската авиокомпанија КЛМ укинува уште 1.000 работни места


КЛМ, холандската подружница на „Ер Франс“, денеска соопшти дека годинава ќе укине дополнителни 1.000 работни места и изрази спротивставување на плановите на Владата да воведе барање сите патници да се тестираат за Ковид-19 пред лет за Холандија.


 

Авиокомпанијата наведе дека ќе следува ново намалување на работните места, покрај затворањето на 5.000 работни места во текот на 2020 година.

Во исто време, коалиција холандски авиокомпании, во која е и КЛМ, издаде посебно соопштение во кое се вели дека се спротивставува на барањето сите патници што патуваат за Холандија да направат брз тест за Ковид-19 во рок од четири часа пред да се качат во авион и полетаат кон земјата.

– Холандија ќе биде единствената земја во светот што ќе донесе вакви далекусежни мерки, се вели во соопштението на здружението на авиокомпании.