Хилари Клинтон добива нова висока функција


 

 

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден размислува во својата администрација да ја вклучи и поранешната кандидатка за претседател и државна секретарка, Хилари Клинтон, која би можела да биде амбасадор на САД во ОН.

Таа е главен кандидат на Бајден за амбасадорска функција, пишува „Индипендент“.

Бајден веќе почна да составува тим за борба против коронавирусот. Наскоро ќе треба да избере и членови на администрацијата, а разговорите се во тек, додава весникот.