Хенкок призна дека во Велика Британија има недостиг од тестови за коронавирус



Хенкок бара враќање на карантинот во Лестер - МИА

Лондон, 15 септември 2020 () – Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, денеска призна дека во земјата постојат предизвици поврзани со тестовите за коронавирус, по наглото зголемување на побарувачката.


 

Зборувајќи во Долниот дом на парламентот, Ханкок кажа дека владата напорно работи да го реши проблемот поврзан со достапноста на тестирањата за Ковид-19, но призна дека тоа може да потрае и неколку недели, соопшти Скај Њуз.

Министерот истакна дека тестирањата сега мора да се извршуваат според системот на приоритети и, исто така, навести можно идно рационализирање на тестовите.

-Целиот Долен дом на парламентот знае дека постојат оперативни предизвици и дека работиме напорно на нивно решавање, рече британскиот министер за здравство. Тој додаде дека има видливо зголемување на бројот на луѓе кои сакаат да бидат тестирани, вклучувајќи ги и оние кои не ги исполнуваат условите.

Изјавата на Ханкок доаѓа во време кога Националната здравствена служба соопшти дека уште 14 лица умреле, така што вкупниот број на смртни случаи во земјата сега изнесува 29.676.