Харвард и натаму водечки на Шангајската листа

Харвард и годинава ја предводи листата на најдобри универзитети во светот, позната како Шангајска листа. По него следуваат Стенфорд, Кембриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнискиот институт за технологија и Универзитетот во Чикаго, кој е на десетата позиција.

Првите десет позиции се речиси непроменети во однос на претходните години.

Што се однесува на регионот, годинава најдобро рангирани се Универзитетот во Загреб и Универзитетот во Белград, кои се најдоа во групата меѓу 401 и 500 место. Универзитетот во Љубљана е во групата меѓу 501 и 600 место, а Универзитетот во Нови Сад, како и минатата година е во групата меѓу 901 и 1000 место. И оваа година на листата нема македонски Универзитет, а ниту Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора немаат свој претставник меѓу илјадата најдобри високообразовни институции во светот. Универзитетот во Атина е меѓу 300 и 400 место, а во Софија меѓу 900 и 1000 позиција.

Шангајската листа што секоја година ја објавува универзитетот Циао Тонг од Шангај е една од највлијателните листи која ги рангира најдобрите универзитети во светот. Тоа е неформална листа, но работа на престиж е да се биде на тој список, бидејќи опфаќа само два отсто од светските универзитети.

Клучни критериуми за рангирање на универзитетите, меѓу другото, се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале на универзитетот или работат таму, бројот на научни трудови објавени во списанијата Сајнс и Нејч, како и цитираност на истражувачите.

Вести

Утре нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавно обвинителство, потврдија за МИА од Министерството за правда. Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на СДСМ не […]

Вести

Јанева и Јовановски повторно на распит за случајот „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција  на распит повторно се повикани осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај […]

Вести

Хаос во комисијата со Бугарија: Ни Гоце е Македонец, ниту народот може да е македонски

Пошироката јавност се уште не ги знае сите детали од хаосот што се случувало на последната средба на историската комисија со Бугарија. Извори блиски до членови на бугарскиот преговарачки тим тврдат дека не бил проблем […]