Околу 500 патници речиси пет часа останаа заглавени во возот од Брисел до Амстердам во близина на Антверпен поради технички дефект.
Инцидентот се случил синоќа, а патниците биле извадени од возот околу полноќ, јавува холандската „ВРТ“.
Според информациите, станува збор за воз на Бенелукс кој сообраќа од Брисел за Амстердам, а портпаролот на НМБС Димитри Темерман вели дека при поправката настанал дополнителен технички проблем поради што е одлучено да се евакуираат патниците.
Се додава дека околу 23 часот пристигнал друг воз кој ги прифатил патниците.