Хамнеи: Иран никогаш нема да преговара со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД и политиката на Вашингтон темелена на „максимален притисок“ врз Техеран ќе пропадне, изјави денеска иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи.

-Иранските официјални претставници никогаш нема да разговараат со САД… тоа е дел од нивната (американска) политика да врши притисок врз Иран … нивната политика на максимален притисок врз Иран ќе пропадне, рече Хамнеи во телевизиското обраќање.

Иранските власти вчера соопштија дека нема да има состанок меѓу иранскиот претседател Хасан Рохани и неговиот американски колега Доналд Трамп на претстојното Генерално собрание на ОН во Њујорк, откако Белата куќа во неделата ја остави отворена можноста за потенцијална средба на лидерите.

-Таков настан ( состанок Трамп-Рохани во Њујорк) не е на нашиот дневен ред, нити ќе се случи. Таква средба нема да се одржи, изјави вчера портпаорлот на иранското МНР Абас Мусави за државната телевизија.

Вести

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела […]

Вести

Сириската војска влезе во Рака и поставува набљудувачки места

Група сириски војници влезе во градот Рака и започна со поставување набљудувачки места, објавија локалните медиуми. Веста дојде само неколку дена откако курдските сили, кои го зазедоа градот од Исламската држава, склучија договор со сириската […]

Вести

Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 18 ноември откако денеска постапката почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште. За следното рочиште повикан е како […]