Гутереш повтори дека забрана за патување и неправедна и неефикасна мерка


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека забраната за патувања воведена поради Ковид-19, која изолира која било земја или регион, „не само што е длабоко неправедна и казнена, туку е и неефикасна“.


 

Говорејќи пред новинари во Њујорк, Гутереш рече дека единствениот начин да се намали ризикот од пренесување на вирусот, а истовремено да се овозможат патувања и економски ангажман е да се тестираат патниците неколку пати, со примена на други дополнителни соодветни мерки чија ефикасност е потврдена.