Гутереш го поздрави продолжувањето на договорот за извоз на жито

guteresh
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави денешното двомесечно продолжување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, што е од клучно значење за светската сигурност за обезбедување храна.

„Ја поздравувам оваа одлука. Ова продолжување е добра вест за светот“, им рече Гутереш на новинарите. „Сè уште има отворени прашања“, призна тој, но изрази надеж „дека можеме да постигнеме сеопфатен договор за подобрување, проширување и продолжување на иницијативата, како што предложив во неодамнешното писмо до претседателите“ на Турција, Русија и Украина.


„Овие договори се важни за глобалната сигурност за обезбедување храна“, рече Гутереш. Тој посочи дека „повеќе од 30 милиони тони жито“ се извезени откако договорот стапи во сила во јули минатата година.

Претходно денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави продолжување на договорот за жито за 60 дена. Во спротивно, договорот, потпишан во јули 2022 година, ќе истечеше утре вечер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK