Градоначалничката на Чикаго прогласи вонредна состојба поради мигрантите

lajtfut
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката на Чикаго во заминување, Лори Лајтфут прогласи вонредна состојба како одговор на илјадниците мигранти кои се населиле во градот, често во тешки услови за живот, откако ја преминале јужната американска граница за да побараат азил.

Наредбата ја означи досега најмрачната прогноза на администрацијата во заминување за тоа како ќе поминат најранливите новодојденци во Чикаго додека градот се подготвува за претстојниот крај на финансиската помош за нив.


Тоа доаѓа девет месеци откако гувернерот на Тексас, републиканецот Грег Абот, почна со автобуси да ги префрла новодојдените бегалци од Централна и Јужна Америка во Чикаго, тврдејќи дека либералните „градови-засолништа“ треба да бидат подготвени да преземат поголем дел од товарот што произлегува од граничната криза.

Оттогаш, повеќе од 8.000 такви мигранти пристигнаа во градот, што Лајтфут вчера го нарече „политички трик“ на Абот, притоа признавајќи дека автобусите нема да запрат да доаѓаат.

– Дојдовме до критична точка во нашиот одговор на нашата хуманитарна криза, произведена главно од него за цинични политички цели, рече Лајтфут на прес-конференција, истакнувајќи дека уште 48 семејства се „испратени“ од Тексас вчера попладне.

Потпишана помалку од една недела пред Лајтфут да ја напушти функцијата, декларацијата за вонредна состојба и овозможува на администрацијата на градоначалникот да распореди средства за итни случаи и да повика помош од Националната гарда на Илиноис, иако Лајтфут прецизираше дека второто не е потребно – засега.

Но, со оглед на тоа што федералните ограничувања на границата од ерата на пандемијата ќе истечат оваа недела, најлошото веројатно допрва ќе дојде. Таа мерка, позната како „Одредба 42“, дозволи итно протерување на барателите на азил на границата меѓу САД и Мексико за да се ограничи можното ширење на болеста, а нејзиниот крај може да значи нова ера на рекордна миграција за неколку дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK