Големи јапонски компании бараат поамбициозен план за обновливи извори на енергија


– Група водечки јапонски компании, вклучувајќи ги Сони, Панасоник и Нисан денеска ја повикаа Владата да донесе многу поамбициозна цел за обновливи извори на струја до 2030 година.


 

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга минатата година ја постави 2050 година како краен рок, но краткорочната цел за користење обновливи извори одамна е цел на жестоки критики.

Јапонија треба да произведе од 22 до 24 проценти од својата електрична енергија од соларна, еолска и друга обновлива енергија до 2030 година, според целта поставена пред три години, која владата наскоро треба да ја преиспита како дел од прегледот на својата енергетска стратегија. Во 2017 година, учеството на обновливи извори во производството на електрична енергија беше околу 17 проценти.

Група од 92 корпорации, обединети во јапонската иницијатива за клима, деенска ги повика министрите да усвојат многу поамбициозна цел и да постават 40 -50 отсто.

Според некои проценки, предвиденото учество од 22 до 24 проценти на струја од обновлилви извори до 2030 година можеби е достигнато уште во 2020 година, поради растот на зелениот енергетски сектор и намалената побарувачка во пандемијата на коронавирусот.