Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го пречека кинескиот премиер Ли Кечијанг во неговата официјална резиденција во Берлин, јави ДПА.
Ова е прво патување на кинескиот премиер во странство откако тој ја презеде функцијата во март. Заедно со Ли, пристигнаа уште девет официјални претставници кои утре ќе учествуваат на германско-кинеските владини консултации на високо ниво со канцеларот Олаф Шолц.
По пристигнувањето во Германија, премиерот рече дека се надева на „силен позитивен сигнал за стабилни меѓународни индустриски и снабдувачки синџири, како и на светски мир и просперитет“.
Пекинг е подготвен, во духот на взаемно почитување, „заеднички да го искористи потенцијалот за соработка, соодветно да се справи со разликите и несогласувањата и да ја збогати содржината на нашето стратешко партнерство“, се вели во синоќа објавеното соопштение на Кинеската амбасада во Германија.