Германската Влада го активира вториот степен од планот за вонредно снабдување со гас


Германската Влада ја активираше втората од трите степени на планот за вонредно снабдување со гас, соопшти денеска Министерството за економија.


 

Во соопштението од германското Министерство за економија се наведува дека „снабдувањето со гас во моментот е сигурно, но оти ситуацијата и понатаму е тензична“, соопшти Министерството за економија.

Според дефиницијата, вториот така наречен алармантен степен од планот за итно снабдување со гас се активира во случај на прекин на снабдувањето или при зголемена побарувачка. Во вториот степен државата сè уште не интервенира туку остава пазарот да ја регулира состојбата.

Започнувањето на вториот степен од планот за итно снабдување со гас и овозможува на Владата да го интензивира активирањето на електраните на јаглен, кои поради владината борба против климатските промени изминатите години не беа во употреба.

Во третиот степен, државата ја контролира дистрибуцијата на гас и го намалува протокот, при што домаќинствата како и објектите од посебно значење, како што се болниците се особено заштитени од редукција.