Германија поради коронавирусот инвестира 500 милиони евра во вентилација




Германската влада инвестира 500 милиони евра во подобрување на системите за вентилација во јавните згради со цел да се спречи ширењето на коронавирусот што е можно поефикасно.

Ова се однесува на јавните канцеларии, музеите, театрите, универзитетите и училиштата. Приватните компании сè уште не ги исполнуваат потребните услови.

Главната цел е унапредување на постојните системи за климатизација без инсталирање на нови, што чини повеќе.

Можно е да се добијат максимум 100.000 евра за секоја надградба. Финансирање е достапно и за сензорите за јаглерод диоксид кои покажуваат кога воздухот во просторијата е нездраво застоен, пренесува „Себиз“.

Владата сака да воведе барем мобилни прочистувачи на воздухот во училиштата кои немаат централни системи за климатизација, но многу ќе зависи од тоа дали просториите можат да се проветруваат со отворање прозорци.

Препорака на германската влада е да се отвораат прозорците најмалку пет минути на секој час.

Вирусите се шират со ситни капки, аеросоли, кои ги издишуваат инфицираните луѓе, особено кога киваат или кашлаат, а истражувањата покажуваат дека аеросолите можат да останат во воздухот на просторијата најмалку осум минути.

Со доаѓањето на зимата, ризикот од ширење на коронавирусот е поголем бидејќи луѓето поминуваат повеќе време во затворени простории, пишуваат новинските агенции, а пренесува порталот Capital.ba