Германија најави план за поттикнување на економијата од 130 милијарди евра


Меркел: Германија мора да им помогне на другите членки на ЕУ да застанат на нозе - МИА

Берлин, 4 јуни 2020 () – Германската канцеларка Ангела Меркел најави синоќа план за обнова од 130 милијарди евра за периодот 2020-2021 година, чија цел е да ја поттикне економијата, која е тешко погодена од пандемијата на новиот коронавирус.


 

По дводневни разговори, Меркел истакна дека пакетот мерки претставува „смел одговор“, кој ќе ги поттикне потрошувачката и инвестициите, и ќе го намали притисокот врз семејствата и останатите.

Помошта е предвидена за задолжените општини, за времено намалување на ДДВ-то, префрлање на заедничките долгови врз сојузната држава, додаток од 300 евра по дете за семејствата или двојно поголема премија за купување електричен автомобил со цел да се поддржи автомобилската индустрија.