Германија ќе ја прогласи Виена за корона-ризичен регион



Австрија размислува на лето да ги отвори границите за туристи од одредени земји - МИА

Виена, 16 септември 2020 () – Поради големиот дневен број на новозаразени, Германија има намера да ја прогласи Виена за коронаризичен регион, тврдат австриските медиуми.

– Од 5 септември во Виена има повеќе од 50 нови инфекции на 100.000 жители, поради што сме принудени да дејствуваме, изјави претставник на германските власти.

Поради актуелната епидемиолошка состојба, Австрија, пред се одредени региони, е во опасност да биде прогласена за ризичен регион.

Швајцарија веќе издаде предупредување за патување во Виена и планира да го прошири и за покраината Тирол.

Италија, исто така, со големо внимание ја следи ситуацијата во Австрија и наскоро би можела да воведе задолжителен ПЦР тест за патници од Австрија, како што тоа веќе го сторија Кипар, Велика Британија, Норвешка и Белгија.


Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]

Вести

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

– Адвокатот на Миле Јанакиески,  Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар“ затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба. -Имајќи предвид дека Миле Јанакиески […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*