Германија: Автомобил удри во луѓе, загина дете


– Едно 12-годишно момче загина, а неколку лица се повредени кога автомобил денеска удри во група луѓе во градот Кемпен во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.



Главната детективка од полициската управа во областа Фирзен, Антје Хејманс за „Билд“ изјави дека засега нема докази дека возачот намерно удрил во луѓето.

До несреќата дошло кога возачот, Германец од Кемпен, од непозната причина околу 16:35 часот излетал од пат и удрил во група луѓе на тротоарот и на велосипедска патека.

Мајката на повреденото момче (39) и друг пешак (43) се тешко повредени во несреќата и со хеликоптер се пренесени во болница.

Според полицијата, возачот и уште едно двегодишно момче се здобиле со полесни повреди. ј


Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Вести

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

– Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*