Генерал на Револуционерната гарда назначен за секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран

iran
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска назначи генерал на Револуционерната гарда за нов секретар на Врховниот совет за национална безбедност.

– Али Акбар Ахмадијан со претседателска уредба е назначен за секретар на Врховниот совет за национална безбедност, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на иранското Претседателство.


Ахмадијан го замени Али Шамкани, кој долго време беше на оваа функција и кој придонесе за зближување со арапските земји од Заливот.

Врховниот совет за национална безбедност е одговорен за дефинирање на одбранбената и безбедносната политика на земјата и за одбрана на нејзините национални интереси.

Одлуките на Советот мора да бидат потврдени од иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK