Гејтс: Теориите на заговор не можат ни да се демантираат затоа што се толку глупави и чудни


Бил Гејтс со критики до Трамп поради одлуката да запре со финансирање на СЗО - МИА

Њујорк, 6 јуни 2020 () – Американскиот милијардер и филантроп  Бил Гејтс се огласи со реакција по повод теориите на заговор што го обвинуваат за разни злодела и мрачни намери во врска со коронавирисот, при што кажа дека тие приказни не ни можат да се демантираат затоа што се „ глупави и чудни“,  пренесува порталот Си Биз.

-Тешко е да се негираат такви работи затоа што тие се толку глупави или чудни. Колку повеќе луѓето ги повторуваат, толку повеќе веруваат во нив, рече Гејтс за време на телефонско интервју за њујоршкиот портал „Бизнис инсајдер“.

Тој најави донација од 1,6 милијарда американски долари од Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за глобалното истражување на вакцината против коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, Гејтс е предмет на заговори кои го поврзуваат со коронавирусот.

Анкета на „Јаху њуз“ покажа дека 28 проценти од возрасните Американци веруваат во теориите на заговор, со кои се сугерира дека Гејтс планирал да ја употреби вакцината за „Ковид-19“ за масовна имплантација на микрочипови, што би служеле за контрола и следење на милијарди луѓе.

-Тоа е толку бизарно што ќе посакате да мислите дека е шега, но всушност ваквите приказни не се шега, рече Гејтс, пренесен од „Бизнис Инсајдер“.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]