Газа е како град на духови, вели шефот на агенцијата на ОН

Газа-е-како-град-на-духови-вели-шефот-на-агенцијата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратка со помош е доставена до засолништето на ОН во бегалскиот камп Џабалија, на северот од Појасот Газа. Тоа е првпат таму да се доставува помош од почетокот на војната во Газа. Шест камиони пристигнаа таму во понеделникот, соопшти денеска Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА). Областа беше отсечена и без помош речиси 50 дена.


УНРВА вели дека сега успеала да снабди неколку засолништа на ОН за итни случаи на север со шатори, ќебиња, пченица, вода, лекови и готова храна.

Томас Вајт, директор на УНРВА за Газа, опиша мрачни сцени за време на неговата посета на северниот дел од територијата, каде што се водеа голем дел од борбите меѓу Хамас и Израел.

„Поделени згради, срушени ѕидови, купишта лим разнесени насекаде“, рече тој.

„Додека се возевме низ градот Газа, тоа беше како град на духови, сите улици беа напуштени. Ефектите од силните воздушни напади и гранатирање се толку очигледни. Патиштата се полни со кратери, што го отежнува пристигнувањето на помошта“, рече тој.

УНРВА известува дека повеќе од 70 отсто од населението е принудено да ги напушти своите домови поради борбите и сега се смета за внатрешно раселено. Повеќе од еден милион луѓе од 2,2 милиони жители на Појасот Газа престојуваат во итни засолништа на ОН.

Ова вклучува околу 100.000 луѓе во 50 такви засолништа на север.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK