Гардијан: Судот во Лондон ја одобри жалбата на Џулијан Асанж, тој се уште нема да биде екстрадиран во САД

1694d753-cf4d-4b9f-b2e0-f4f8c937d4d7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џулијан Асанж извојува победа во тековната борба против екстрадицијата од Велика Британија, откако судиите на Високиот суд во Лондон го одобрија неговото жалбено барање, пишува Гардијан.


Двајца судии, пишува Гардијан, ја одложија одлуката во март за тоа дали Асанж, кој се обидува да го избегне судењето во САД за обвиненијата за шпионажа поврзани со објавувањето на илјадници тајни и дипломатски документи, може да го однесе својот случај на второ жалбено рочиште.

Како што пишува „Гардијан“, Асанж би можел да добие право да побара жалба.

Асанж е обвинет за 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутер, според медиумот, кој предвидува максимална казна од 175 години затвор, за објавување на голема количина доверливи американски документи на неговата веб-страница пред речиси 15 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK