Гани: Авганистанските сили се сосема способни да го бранат Авганистан


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска изјави дека разговарал со неговиот американски колега Џозеф Бајден за целосното повлекување на американските сили од Авганистан до почетокот на септември и рече дека ја „почитува“ таа одлука.


 

Авганистанските безбедносни сили „се целосно способни да го бранат својот народ и својата земја, што го прават од самиот почеток“, напиша Гани на Твитер по телефонскиот разговор со Бајден.

– Ние ќе работиме со нашите американски партнери за да обезбедиме мирна транзиција, истакна авганистанскиот претседател.