Г7 за билатерални договори за олеснување на долговите на најсиромашните земји


Дефицитот на САД може да достигне 3,8 трилиони долари во 2020 година - МИА

Вашингтон, 3 јуни 2020 () – Министрите за финансии од Групата седум најразвиени економии во светот денеска соопштија дека се за спроведување билатерални договори за олеснување на долговите за најсиромашните земји до крајот на оваа година, а можеби и подолго.


 

Во заедничката изјава, министрите за финансии од Г7, исто така, повикаа на поголеми напори за зајакнување на процесот на објавување податоци за јавниот долг и ги повикаа доверителите да носат одговорни одлуки за кредитирање, во согласност со насоките за одржливост на долгот.

Министрите, исто така, посочија дека доверителите треба целосно да ги објават условите под кои тие одобруваат задолжување на владите и да ја ограничат употребата на клаузулата за доверливост.