Г7 ја повика Кина да изврши притисок врз Русија да стави крај на војната во Украина

hiroshima_322343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Групата седум најбогати земји во светот (Г7) денеска ја повика Кина да изврши притисок врз својот стратешки партнер Русија за да ја прекине војната против Украина.

Во заедничкото соопштение лидерите на Г7 нагласиле дека не сакаат да и нанесат штета на Кина и дека бараат „конструктивни и стабилни односи“ со Пекинг, препознавајќи ја важноста на искрениот ангажман и изразувајќи загриженост директно до Кина.


„Ја повикуваме Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре својата воена агресија и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите трупи од Украина“, се вели во соопштението. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK