Французите ќе можат да заминат на летен одмор, но пред се во Франција


Французите ќе можат да заминат на летен одмор, но пред се во Франција - МИА

Париз, 14 мај 2019 () – Граѓаните на Франција ќе заминат на годишен одмор летово во текот на јули и август, нагласи премиерот Едуард Филип, и објави пакет вреден 18 милијарди евра наменет за спас на домашниот туризам, јави дописникот на .

-Она што е добро за туризмот е често добро и за Франција, она што го погодува туризмот ја погодува Франција, го сумираше премиерот Едуар Филип во презентирањето на неговиот план.

Во секторот за туризам во моментов во државата има околу два милиони вработени, сите од нив сега се наоѓаат на режимот на парцијална невработеност.

Рестораните би требало да отворат во зелените зони ( таму каде вирусот е под контрола) на Франција на 2 јуни, но точниот датум ќе биде соопштен на 25 мај, за државната помош за претпријатијата од туристичкиот сектор ќе продолжат до крајот на 2020.

-Французите ќе можат да одат на одмор во Франција во јули и август, во Франција или во прекуокеанските депратмани на земјата, најави премиерот.

Сепак, тој додаде дека „нема многу сигурност за оваа прашање“.

Тој, исто така вети, во договор со професионалци во овој сектор, „целосно враќање на парите од резервациите на Французите во случај на откажување на нивната резервација поврзана со Ковид-19“.

За заминување на летен одмор во странство или во Шенген зоната ќе треба да се почека на нова одлука.


Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]

Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]