Француските ученици и професори се вратија „маскирани“ на училиште


Француските ученици и професори се вратија „маскирани“ на училиште - МИА

Париз, 1 септември 2020 () – Во Франција денеска почна учебната 2020-2021 година по цели шест месеци отсуство, со сосема нови правила, нови грижи за родителите, учениците и професорите, јави дописникот на .



Често миење раце, физичко растојание и носење маска задолжително за возрасни и деца над 11 години. Оваа нова учебна година започнува во многу специфичен контекст и полн со нови правила. Ситуација што може брзо да стане стресна за децата, но и за родителите, како што забележува едно од здруженијата на родители – ФЦПЕ.

– Добиваме многу повици од загрижени родители, нивните деца се во забавиште или основно училиште и нема да носат маски. Тие се плашат да не се заразат со вирусот, велат од ФЦПЕ.

Легитимен страв кај родителите, затоа што постои ризик од зараза, но според специјалистите ризикот е низок. Студиите покажуваат дека епидемиите се ретки во училиштата, како што објасни Ерик Језујерски, одговорен за детски итни случаи во универзитетската болница Монпелје.

– Кога имало случаи во училиште, најчесто биле изолирани, во нив имало вклучено само едно дете. И кога имаше неколку случаи во училиште, тоа беа возрасни кои го пренеле вирусот на деца, но кластерите ретко започнале од деца, вели Језујерски.

Изутринава министерот за образование Жан Мишел Бланкие, изјави дека „денеска ниту едно училиште не е затворено“.

– Ниту едно одделение денеска не останува затворено. Лекарското уверение ќе биде задолжително за секое дете што не доаѓа на училиште, објасни францускиот министер.

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер им посака добро враќање на училиште на сите ученици.


Вести

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, […]

Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*