Францускиот суд побара нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре



Францускиот суд побара нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре - МИА

Париз, 10 јули 2020 () – Француските истражни судии нарачаа нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре, за што постојат сомневања за евентуално полициско насилство, јави дописникот на .


 

Траoре почина во 2016 година по неговото апсење од жандармите и се претвори во симбол на борбата против полициското насилство во Франција.

Нова медицинска експертиза е нарачана по сослушувањето на сведокот, кај кого Траоре се засолни на денот на неговото апсење.

– По сослушувањето од страна на истражните судии на 2 јули на сведокот, кај кого се засолни Адама Траоре, истражните судии одлучија, да наредат нова медицинска експертиза која им е доверена на белгиските лекари , изјавија адвокатите.

Досега се направени две судски експертизи во Франција и нивните заклучоци се различни.

По смртта на Џорџ Флојд и антирасистичките демонстрации ширум целиот свет, сестрата на Траоре организира протести за време на мерките на изолација во Париз, на кои учествуваа илјадници лица.